Wednesday, April 23, 2008

црно-бело...ммм...неодоливо


Чоколадо против пролетниот замор

Веќе е пролет и астрономски и метеoролошки и по секој друг можен начин, но тоа никако не ни го олеснува животот, затоа што месец мај покрaј што е убав заради цутењето на дрвјата, познат е по глупавиот пролетен замор. Тој настапи така сурово и оваа година и сигурно и вие сте едни од многуте луѓе кои се жртви на главоболка, болки во зглобовите и ред други работи. Многу полесно, барем јас ја пребродувам со земање на многу витамини, свеж зеленчук и овошје и многу движење.
Може да одделите еден ден, на пример сабота или недела кога ќе се препуштите на аромата на чоколадото. Тоа не значи јадење на големи количини на чоколадо, затоа што тоа ќе ви направи проблеми потоа во облекувањето на омилените алишта, туку станува збор за чоколадова спа фантазија на која можете да и се насладите дома или ако имате шанса во спа - центар.

Зашто точно чоколадо?

Како што е познато, чоколадото од неколку стотини години па наваму дејствува освежувачки на мозокот и го стимулира да одделува ендорфин, окситоцин и многу други хормони на среќата. Содржи и анти - оксиданти кои ги уништуваат слободните радикали и ја прават кожата посвежа и поздрава.
Млеко со какао

Започнете го денот со голема чаша млеко со какао. Мирисот и аромата ќе ви помогнат да се потсетите на деновите кога ножињата ви висеа на столот во кујната и мислевте дека млекото со какао е најпрекрасното нешто. Може секако да го надополните со читање на некоја книга. Уживајте на секоја голтка од какаото и оставете мирисот да ви го врати доброто расположение.
Када со чоколадо

Литар млеко две големи лажици какао, растворени и сето тоа ставено во кадата со топла вода. Неколку свеќички со арома на ванила и бели цветчиња во водата - што повеќе од тоа.

Мирис на чоколадо и ванила

Вкусниот мирис на чоколадо за наша среќа присуствува во многу козметички серии - тоалетно млеко, тоалетна вода, гел за туширање, сјај за усни... направете една вкусна селекција и од време на време опуштете го телото со тие ароми.

Масажа со чоколадо

Иако звучи како процедура достапна само за големите дами од западниот свет, ќе дојде време кога и ние обичните смртници ќе може да се радуваме на такви процедури. Се препорачува во два вида: масажа на тело или маска за лице. Но што и да изберете бидете сигурни дека чувството ќе биде неповториливо.

Чоколадо

И секако после сите овие видови на чоколадо, нема смисла ако не си дозволиме и да каснеме, ама само малку. Можете обичното чоколадо да го заменете со црно. Докажано е дека е добро за срцето, содржи најмногу анти - оксиданти а малку горчливиот вкус нема да ви дозволи да изедете многу.